Екипата на Баерн славеше важна победа на гостувањето кај Вердер во 31.коло на Бундес лигата. Тимот на Томас Тухел победи со 2:1 и се приближува кон новата титула.
„Баварците“ не блескаат во последно време, но имаат среќа што нивниот конкурент Борусија Дортмунд западна во криза и често греши.
И на овој меч во Бремен, составот на Тухел долго беше без идеја, на моменти и немоќен меѓутоа на крајот успеа да ги впише бодовите. Лошо одиграа во првото полувреме, на стартот на вториот дел заиграа напаѓачки и тоа им се исплатеше. Во 62 минута Гнабри го отвори резултатот, а десет минути подоцна нововлезениот Лерој Сане зголеми на 2:0.
Три минути пред крајот Шмит го намали резултатот, а Вердер не успеа да стигне барем до бод.
Баерн е прв со 65 бода, четири повеќе од вториот Дортмунд кој има меч помалку. Вердер е на 12. позиција.