Викенд за решавање на полуфиналните дилеми!

77

Овој викенд ќе бидат познати сите патници во полуфиналето на плеј-офот. Единствен тим кој успеа порано да завери место во претпоследната фаза пред битката за титулата е бранителот на тронот, МЗТ Скопје со 2-0 ја заврши пресметката со Кожув.

Останатите шест тима немаат право на грешка. Први кои ќе го одиграат натправрот број три во четвртфиналето се ТФТ и Еуро Никел, мечот е за кажан со почеток во 17 часот.

Утре Гостивар на домашен терен го пречекува Работнички, победникот од оваа средба ќе игра против МЗТ Скопје во полуфиналето. Феникс по големата победа на домашен терен за 1-1 му гостува на Пелистер со надеж дека може да дојде до нов голем подвиг во својата историја.

ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ – ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ

6.МАЈ (САБОТА):

17.00: ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005 (1-1)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНКhttps://www.youtube.com/live/i0aCdaxEG-k?feature=share

7.МАЈ (НЕДЕЛА):  

18.00: Гостивар – Работнички (1-1)

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/r2-SqVyDzTY?feature=share

20.30: Пелистер – Феникс 2010 (1-1)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MCxxptBIluU?feature=share

 

ПретходноДали сонот на битолчани ќе се исполни или Вардар повторно ќе го расипе?
СледноЈувентус ги „краде“ творците на шампионскиот Наполи!