Откако ПСЖ реши да го суспендира Лионел Меси, почнаа шпекулациите дали Аргентинецот воопшто ќе се врати во Франција.
Да потсетиме, Меси не се појави на еден од тренинзите на ПСЖ и токму тоа ја започна целата оваа ситуација.
Меси преку својот Инстаграм профил испрати извинување, но тоа не му падна најдобро кај поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен.
„Тој вели дека им се извинува на соиграчите и менаџерите, но не и на навивачите, ниту за сликата што ја испрати. Не го разбирам кога вели дека не можел да го одложи патувањето. Тој пронајде изговор. Се извинува, но тој бара оправдувања. Што е твоја работа? Да се покажеш и да земеш многу пари? Или да играш фудбал и да го претставуваш ПСЖ“, изјави Ротен.
Jérôme Rothen sur les excuses de Leo Messi :
« Il dit qu’il s’excuse vis à vis de ses coéquipiers ou des dirigeants, pas envers les supporters ou à propos de l’image qu’il a envoyée. Je ne comprends pas qu’il dise qu’il ne pouvait pas décaler ce voyage. Il se trouve une… pic.twitter.com/kjxiZ39FCQ
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 5, 2023
По поразот на ПСЖ од Лориен, Меси отпатува во Саудиска Арабија без дозвола на клубот и поради тоа е казнет.
Тој пристигна во С. Арабија за официјално да го потпише договорот и да стане амбасадор за туризам на земјата.