Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли и шефот на скаут службата на новокрунисаниот шампион на Италија, Маурицио Микели, од следната сезона ќе бидат во Јувентус. Така, Старата Дама ќе се обиде да ги земе клучните луѓе од ривалите кои се задолжени за спортската политика во клубот и кои имаат огромни заслуги за шампионската титула.
Наполи загуби неколку клучни играчи како Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали во текот на летото, но тимот стана конкурентен и покрај нивното заминување. Најголема заслуга за ова имаат Џунтоли и Микели, кои направија одлични трансфери со Квича Кварацхелија и Ким Мин-Јае, а претходно доведоа играчи како Виктор Осимен и Франк Замба-Ангиса.
Наводно, и покрај добрата работа, Џунтоли немал добри односи со сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, што секако придонело за разделбата. Постои можност неговото доаѓање во Торино да значи и отказ за тренерот Масимилијано Алегри.