Алкалоид дојде до деветиот триумф во плеј-офот, откако на гостувањето кај Бутел Скопје славеше со 20-22 во рамките на 12 коло. Двата тима повторно одиграа неизвесен меч, кој како по непишано правило оваа сезона заврши во корист на дебитантот.
Серафимов постигна седум гола кај победникот, на другата страна ист број на погодоци имаше Николов.
Домаќинот поведе со 5-0, гостите со серија од 1-6 дојдоа до водство од 4-6. Бутел на момент ја врати минималната позитива, но избраниците на Кирил Лазаров со серија од 5-0 на стартот на второто полувреме поведоа со 9-13, беше и 11-15. Бутел Скопје успеа да дојде на 16-17, по што Лазаров повика тајм-аут.
Алакалоид го задржат темпото, Бутел не го издржа тој ритам, па младите ракометари дојдоа на нови плус четири 17-21, доволни за нов триумф во пресметките со овој тим.