Попладнево од 17 часот се играат сите натпревари од 28.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно би требало да биде на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје каде се среќаваат Вардар и Тетекс. На вардарци трите бода им се важни во битката за второто место, а на тетовци пак во битката за опстанок. Останува да видиме како ќе заврши овој меч на клубовите чии фанови и тоа како имаат “братски односи“, се случувало во минатото и заедно да навиваат.
Вардар со внимание ќе го следи и дуелот во Радовиш каде гостува Гостивар и ќе се “крсти“во Детонит со желба овој тим да дојде макар до реми против гостиварци. А се знае и зошто. Шансата на Вардар за тоа второ место и директен пласман во ПМФЛ се вика Гостивар, во спротивно ќе игра бараж.
Воска Спорт нема такви проблеми, сама си решава за својата судбина. На мечот со градскиот ривал Охрид, кој се игра на СРЦ “Билјанини Извори“, на Воска и треба триумф за да официјално биде прогласена за нов прволигаш. Може и со реми, па и со пораз, но тогаш Вардар треба да ремизира со Тетекс или да загуби.
Воска во пресрет на ова коло, а до крајот има уште три ако се смета и денешното, има +6 бодови пред Вардар, меѓусебните дуели беа 2:1 и 1:2, има и +13 подобра гол разлика, па затоа велиме дека ако Воска денеска победи со Охрид и дефинитивно е прволигаш.
ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Пелистер – Пехчево
Караорман – Саса
Борец – Беса
Детонит – Гостивар
Охрид – Воска Спорт
Арсими – Слога (В)
Кожув – Беласица
Вардар – Тетекс
ТАБЕЛА: Воска 68, Гостивар 64, Вардар 62, Пелистер 53, Детонит 47, Беса 42, Охрид 37, Арсими 36, Беласица 35, Караорман 34, Кожув 30, Пехчево 27, Саса 24, Тетекс 22, Слога (В) 21, Борец 2 бодови