По најавата од редовите на Барселона дека се подготвени да направат одлучувачки чекор околу продажбата на младиот талент Ансу Фати, веќе стигнуваат и првите заинтересирани страни. Барселона сака да го продаде својот миленик, чиј договор завршува во 2027 година, но прашање е колкава ќе биде цената која новиот сосптвеник на Фати ќе треба да ја уплати во касата на Каталонците.
Англиски Вулверхемптон, според шпанските медиуми, веќе се јавиле во Барселона и најавиле дека се подготвени да понудат сума во висина од 30 милиони евра за Фати, и плус на „Камп Ноу“ да го испратат својот играч за врска Рубен Невеш, за кого Барселона е заинтересирана подолго време.