Елиф Елмас со неговиот тим Наполи сезонава се шампиони на Серија А. По цели 33 години и генерацијата на Диего Армандо Марадона, овој тим на Наполи конечно го донесе скудетото во градот на фудбалот каде клубот е на рамниште со божевство.
Токму поради тоа, нашиот репрезентативец и неговите соиграчи ќе поделат богата премија која што несомнено ја заслужија.
Како што дознава Спортмедиа, 800.000 евра ќе биде наградата за Елиф и за секој играч поединечно за испишувањето на една од златните страници во историјата на клубот.