Битола е на нозе, Пелистер после 18 години ќе се врати на ракометниот трон во македонскиот шампионат. Во мечот да се биде или не, битолчани славеа против со 26-23 во рамките на 12. коло во плеј-офот. На овој начин ракометарите на Пелистер ја прекинаа доминацијата на „црвено-црните“ и доколку не кикснат во последните две кола, следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони.
Костески и Хосни со по шест гола беа први стрелци кај победникот, на другата страна Талески имаше ист број на голови кај Вардар, еден помалку запиша Георгиевски.
Пелистер во првото доминираше речиси во поголем дел. Мечот го отоври Талески за 0-1, домаќинот во седмата минута преку Хосни дојде до првото водство од 4-3, серија грешки и неколку исклучувања, беа доволна причина за да Пелистер направи серија од 4-0 и да поведе со 9-5 во 14 минута. Налетот на противникот на кратко го прекинаа Талески и Георгиевски за 9-7.
Како ниту ова да не беше доволен мотив за „црвено-црните“ за да се вратат целосно во мечот, Пелистер влезе во ритам во 25 минута поведе со 13-8, не реализираше напад за плус шест. Недановски го повика вториот тајм-аут, момент по кој Вардар се разбуди, со серија од 5-0 на стартот на второто полувреме израмни на 13-13, Манасков во овој налет постигна четири гола. Ристовски запиша три важни одбрани, една од седум метри.
Мечот влезе во игра гол за гол, со тоа што Вардар не искористи два напади да поведе повторно на оваа средба. Пелистер го имаше чекорот напред, поточно ја одржуваше минималната предност од еден гол, се до 42 минута. Вардар влезе во нова криза (имаше исклучувања), на другата страна Суси со два гола од седум метри, Хосни и Костески зголемија на 21-17, Пелистер не искористи два напади за плус пет. На ниво на задачата беше Лејсак, имаше голем удел во овој кам-бек на неговиот тим.
Вардар се разбуди, Ристовски беше на ниво на задачата, Јагуриноски, Талески и Георгиевски ја вратија неизвесноста, намалија на 21-20 во 50. минута. Ојлески и Суси постигнаа два вреди гола, Лесјак нова одбрана за 23-20 на седум минути до крајот.
Иако се чинеше дека ќе има драма, сепак Пелистер успеа да остане присебен и да дојде на плус пет 26-21 на три и пол минути до крајот, позитива доволна за мирен финиш и покрај тоа што Вардар намали на 26-23.