Затоа се “кралски клуб“: Перез го “потврди“ трансферот на Белингем! (ВИДЕО)

2902

Едноставно со Реал Мадрид не може никој. Оној играч кој “кралевите“ го посакуваат и го добиваат, а посебно ова се однесува за Флорентино Перез кој е втор мандат на чело на најгламурозниот клуб во светот.

Перез досега не успеал само Франческо Тоти и со Килијан Мбапе, ама за овој вториот сеуште има шанси.

Инаку познато е дека за Џад Белингем, репрезентативецот на Англија и играч за врска на Дортмунд, нема клуб во Европа, мислиме тука на гигантите, кој не сака да го ангажира. Но Реал успеа во тоа, барем така се шпекулира. Германците ќе добијат 120 милиони евра за Белингем ќе има плата од 12 милиони евра нето за една година и договор до 2029 година.

Дека се е готови, се чини доказ е она што денеска Перез го направи во Севилја, каде се игра финалето во Купот на Кралот.

При давањето автограми на фановите на Реал Мадрид, еден од нив го праша Перез дали е готов трансферот на Белингем, а првиот човек на “кралевите“ само се насмевна и го потапка по рамото.

ПретходноСити маршира кон титулата, Челзи конечно победи! (ВИДЕО)
СледноТФТ со триумф над Еуро Никел и со пласман во 1/2 финалето, ФМП Академија ја победи Струмица!