Завршија пет мечеви од 31.коло во Бундеслигата. И веднаш да кажеме дека Аугсбург со 1:0 го победи Унион Берлин. Стрелец на победничкиот гол беше Белјо во 53.минута.
Менхенгладбах со 2:0 го совлада Бохум, стрелци беа Хофман и Штиндл.
Дали има надеж за Херта во битката за опстанок, посебно ако се знае дека денеска во Берлин домашниот состав со 2:1 славеше против Штутгарт. Кемпф во 29.минута донесе водство, потоа гостите преку Гирасу за да победата ја донесе Нидерлехнер во 45+2.минута за конечни 2:1.
Фрајбург дома беше поразен од Лајпциг со 0:1, победата ја донесе Кампл со гол во 73.минута. Големи три бода се освоени во трката за пласман во ЛШ.
Хофенхајм со 3:1 беше подобар од составот на Ајнтрахт Франкфурт. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Баумгартнер, Крамариќ и Бебоу, додека голот за гостите беше дело на Геце.