Кога Дон Карло зборува и најискусните ги наведнуваат главите (ВИДЕО)

1743

Флорентино Перез создаде две генерации во Реал Мадрид и практично секогаш ги правеше вистинските потези. Тоа го направи на денот кога Зинедин Зидан реши да го заврши вториот мандат и да го напушти клубот.

Стариот и искусен лисец го донесе Карло Анчелоти. Во вториот мандат на клупата на Реал, славниот Италијанец ќе има можност да го комплетира циклусот од шест освоени трофеи, односно секој можен за Реал.

„Кралеви“ денеска ќе го одиграат финалето на Купот на Кралот против Осасуна. Сигурно се фаворити, но тоа треба да го покажат на теренот.

Покрај тоа што е одличен тренер, Дон Карло е познат и како голем мотиватор. Така, на последниот тренинг пред финалето ги собра сите играчи и одржа петминутен говор.

Сè изгледаше сосема поинаку. Најголемите ѕвезди како Карим Бензема, Лука Модриќ и Еден Азар само ги наведнаа главите и внимателно го впиваа секој збор на можеби најдобриот тренер на сите времиња.

Никој не зборуваше, сите молчеа и трпеливо го слушаа „маестрото“ меѓу тренерите. По завршениот говор следеше аплауз.

Анчелоти стигна до 27 финалиња во својата тренерска кариера. На прес-конференцијата во петокот тој изјави дека натпреварот против Осасуна можеби ќе биде последен во неговата кариера.

“Играњето во финалето е секогаш возбудливо. Секогаш мислам дека тоа е моето последно. Така беше во 2003 година во Лигата на шампионите, така е и денес. Ги замолувам играчите да уживаат во овој момент бидејќи тоа се посебни натпревари и се подготвуваме одлично. желба и ентузијазам“, рече Анчелоти. 

Анчелоти ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство за време на неговиот втор мандат во Реал. Значи му остана само Купот на кралот.

Во претходните две децении тој покрај Реал раководеше со бројни гиганти. Беше на клупата на Јувентус, Милан, Баерн, Челзи, ПСЖ, Наполи… За тоа време собра вкупно 23 трофеи.

ПретходноЈокиќ испиша историја во НБА: Трипл-дабл со 17 асистенции – недоволен за Денвер (ВИДЕО)
СледноПелистер со апел до навивачите пред мечот со Вардар 1961!