Сите очи на Пиринеите вечерва ќе бидат вперени во „Естадио Олимпико де Севиља“ (Ла Картуха), каде од 22 часот Реал Мадрид за првпат ќе игра со Осасуна во финалето на Купот на Кралот. Ова е прв настап за Реал Мадрид во одлучувачкиот дел од шпанскиот куп по една деценија.
„Кралевите“ во финалето влегуваат со одлична историска статистика. Имено, Реал Мадрид има 100% учинок против Осасуна во Копа дел Реј со осум победи во исто толку меѓусебни дуели. Ова ќе биде 40-то финале за Реал Мадрид во Копа дел Реј и само второ за Осасуна. Копа дел Реј беше првиот трофеј за Карло Анчелоти кога се пресели на клупата на Реал Мадрид. Има шанси да му биде и последен, ако Перез реши да ја прекине соработката со него на крајот на сезоната. Анчелоти и неговите момци влегуваат во битка за 20-тиот пехар во Кралскиот куп, што би помогнало да се олесни болката од гледањето како Барса ќе ја прославува шампионската титула во Ла Лига.
Осасуна ќе се натпреварува во финалето само вторпат во својата историја. Последниот пат кога стигнаа до тука беше 2005 година и тогаш беа совладани со гол во продолжението од екипата на Бетис. Осасуна има морничаво искуство од дуелите со Реал во Купот, затоа што има 8 порази на исто толку средби на кои прими 25 гола или во просек, 3,1 гол по натпревар. Сепак, да не се заборави дека Осасуна во своите редови го има најдобриот стрелец во ова натпреварување сезонава, Кике Гарсија кој постигна дури 5 гола. Шансите за Осасуна се минимални, но сепак, тое ќе направат се за да го изненадат големиот фаворит.
МОЖНИ СОСТАВИ:
РЕАЛ (М): Куртоа; Карвахал, Милитао, Рудигер, Камавинга; Валверде, Чуамени, Крос; Родриго, Бензема, Винисиус
ОСАСУНА: Ерера; Монкајола, Аридан, Д. Гарсија, Круз; Торо, М. Гомез; Р. Гарсија, Ороз, Езалзули; Кике Гарсија