Легендата на ПСЖ го нападна Меси: Што е твојата работа? Да земаш пари?

469

Откако ПСЖ реши да го суспендира Лионел Меси, почнаа шпекулациите дали Аргентинецот воопшто ќе се врати во Франција.

Да потсетиме, Меси не се појави на еден од тренинзите на ПСЖ и токму тоа ја започна целата оваа ситуација.

Меси преку својот Инстаграм профил испрати извинување, но тоа не му падна најдобро кај поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен.

„Тој вели дека им се извинува на соиграчите и менаџерите, но не и на навивачите, ниту за сликата што ја испрати. Не го разбирам кога вели дека не можел да го одложи патувањето. Тој пронајде изговор. Се извинува, но тој бара оправдувања. Што е твоја работа? Да се ​​покажеш и да земеш многу пари? Или да играш фудбал и да го претставуваш ПСЖ“, изјави Ротен.


По поразот на ПСЖ од Лориен, Меси отпатува во Саудиска Арабија без дозвола на клубот и поради тоа е казнет.

Тој пристигна во С. Арабија за официјално да го потпише договорот и да стане амбасадор за туризам на земјата.

ПретходноПоради неисплатени плати ЖРК Металург нема да го одигра мечот со ЖРК Чаир!
СледноВМФЛ: Вардар игра со Тетекс а се “крсти“ во Детонит, Воска става печат на пласманот во елитата…