Екипата на Ленс го совлада Олимпик Марсеј во дербито на 34.коло во француската Лига 1 и со тоа го престигна тимот од „Велодром“ на второто место на табелата. Ленс славеше со 2:1, а мечот почна со гол на фудбалерот на Марсеј, Алексис Санчез кој го поништи ВАР.
Домашните поведоа во 42 минута. Дансо му асистираше на Фофана кој со убав шут погоди за 1:0. Во вториот дел Марсеј тргна офанзивно да го изедначи резултатот, но не успеа, Ленс зголеми на 2:0 и го отвори патот до победата.
Во 60 минута Опенда го погоди голот на Марсеј. Во 88 минута Паје намали на 2:1 и тоа беше конечниот резултат.
ПСЖ е лидер со 75 бода но и меч помалку (утре игра со Троа), Ленс има 72, а Марсеј 70…
OH LE PÉTARD DE SEKO FOFANA QUI OUVRE LE SCORE JUSTE AVANT LA MI TEMPS 🤩 #rclom #rclensom #lensom pic.twitter.com/ZhZrlEm7uC
— DSportsContent (@HadzovicDenis) May 6, 2023