Ливерпул ќе доживее целосна реконструкција на тимот за следната сезона

305

Ливерпул летово ќе доживее комплетна реконструкцџија во тимот, кој оваа сезона потврфли во сите натпреварувања. Јирген Клоп, кој се уште чека да ја заврши сезоната, планира да се раздели со голем број ветерани и да доведе помлади играчи околу кои ќе го гради новиот Ливерпул.

Џејмс Милнер, Алекс Окслејд-Чембрлен, Роберто Фирмино, Наби Кеита и голманот Адријан сигурно ќе го напуштат „Енфилд“ на лето бидејќи им истекуваат договорите и истите нема да бидат обновени. „Црвените“ ќе се разделат и со Бразилецот Артур Мело, кој дојде на позајмица од Јувентус, но поради повреди и незадоволителна форма досега во текот на целата сезона одигра само 13 минути. На овој начин „црвените“ ќе ослободат простор и средства за нови засилувања.

ПретходноУрава е најдобриот тим во Азија
СледноНено и Уникс го загубија првиот дуел со Локомотив Кубан