Во дербито на 34.коло во Серија А, попладнево на „Сан Сиро“, Милан со 2:0 го победи Лацио и освои важни три бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите. Ова беше рутински триумф на Милан, гостите од Рим просто разочараа.
Треба да се каже дека Милан поведе уште во 17.минута кога големиот кикс на одбраната на гостите ја искористи Бенасер и донесе водство од 1:0. И потоа магија, фантастчен гол на Тео Ернандез речиси го претрча целиот терен и на крај во мајсторски стил ја смести топката во мрежата на Лацио за 2:0 во таа 29.минута.
Сепак сенка на оваа победа е повредата на Рафаел Леао, кој само што почна дербито заработи истегнување на мускулот, па веројатно е дека ќе го пропушти дуелот од 1/2 финалето во ЛШ со Интер, кој е на програмата во среда.
GOOOOOAAAALLL THHEEEOOOO HERRRRNNNAAANNNDEEZZZZZpic.twitter.com/SX6wXJePcn
— Milan Posts (@MilanPosts) May 6, 2023