На стартот од финалната серија од плеј офот на кошаркарскиот шампионат на Русија, тимот на Уникса Казан, на чело со нашиот Ненад Димитријевиќ на домашен терен загуби од тимот на Локомотив Кубан со конечни 76:88.
Клучна делница од дуелот беше онаа последната, која гостите ја добија со 17:25, па поведоа во серијата со 0:1.
Димитријевиќ го заврши мечот со 13 поени.