Вечерва (19 часот) во салата „Боро Чурлевски“ се игра дербитот број два оваа сезона. Пелистер и Вардар 1961 ќе ги вкрстат копјата, победникот ќе го освои шампионскиот пехар.
Битолскиот тим ќе има огромна поддршка од трибините, билетите за овој дуел се продадоа за 17. минути, а пред мечот, раководството на клубот излезе со апел до своите навивачи.