Словенечкиот велосипедист Јан Тратник ќе ја пропушти втората најголема велосипедска трка на светот Џиро д’Италија поради повредите добиени од сообраќајната несреќа пред почетокот на првата етапа од 103. издание на трката низ Италија.
Словенецот ги завршувал последните подготовки во околината на Пескара кога бил удрен од автомобил.
„Го завршуваше последниот тренинг на рамна, широка патека, меѓутоа госпоѓа со комбе не го видела Јан. Тој пробал да го избегне комбето, но не успеал. Дошло со судар, а Јан паднал на хауба и го повреди коленото“, изјави спортскиот директор на тимот Џамбо-Висма, Марк Риф.
Тратник по несреќата требало да се врати во хотелот, меѓутоа поради отеченото колено бил префрлен во болница од каде му потврдиле дека не може да настапи.