Пол позиција за Перез во Мајами, Верстапен ќе стартува од деветтото место

136

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез беше најдобар во квалификациите за Големата награда на Мајами. Мексиканецот имаше најдобро време 1:27.713 и ќе стартува од првото место на главната трка во недела.

Втор ќе тргне Фернандо Алонсо од Астон Мартин, а од третото место Карлос Сајнц од Ферари. Петорката ја заокружуваат Кевин Магнусен од Хаас и Пјер Галси од Алпин.

Црвеното знаме поради излетувањето на Шарл Леклер предизвика Макс Верстапен да не може да го извози последниот круг и да заврши деветти. Луис Хамилтон ќе стартува од 13-тото место.

ПретходноЛенс го совлада Марсеј и му закани на лидерот ПСЖ
СледноРеал Мадрид по 20-ти пат го освои Купот на кралот (видео)