Поради неисплатени плати ЖРК Металург нема да го одигра мечот со ЖРК Чаир!

184

ЖРК Металург денес нема да го одигра натпреварот со ЖРК Чаир, поради неисплатени плати. Од клубот велат дека тешко оди со реализација на ваучер овој период, барем нив, сите оставаат за крај на година.

„Се надевавме дека ќе си го исполни ветеното владата и директно ќе исплаќа на сметка на клубови, како што вети министерот за финансии, но ете остана маката со ваучерите. На две кола до крај и Купот, за жал ќе мора да ги разберам девојките и да прифатам. Наредна сезона повеќе среќа“, велат од Металург.

ЖРК Металург е бранител на титулата во Купот на Македонија, чија завршница е закажана за петок. Во СЦ „Билјанини извори“ се играат полуфиналните мечеви, додека во недела финалето.

ПретходноТутомеркато: Елмас е џокерот на Спалети, сега пола Европа ќе сака да го земе!
СледноЛегендата на ПСЖ го нападна Меси: Што е твојата работа? Да земаш пари?