Сабаленка ја победи Швјотек и ја освои титулата во Мадрид

99

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е освојувачка на Мастерсот 1000 во Мадрид по победата над Ига Швјотек во финалето со 2-1 во сетови 6-3, 3-6 и 6-3. Со тоа Сабаленка стигна до својот 13. трофеј во кариерата, а трет во 2023 година.

Триумфот во Мадрид и е втор во последните три години. Таа триумфираше и во 2021 година.

Машкото финале во Мадрид се игра во недела (почеток 18:30 часот), а ќе се соочат Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Јан-Ленард Штруф.

ПретходноСе тепаа навивачи на Реал и Осасуна пред финалето на Купот
СледноПех: Словенечки велосипедист го удрил автомобил пред почетокот на Џиро д’Италија