Сити маршира кон титулата, Челзи конечно победи! (ВИДЕО)

151

Се чини дека нема кој да го запре Манчестер Сити во походот кон новата титула во Премиерлигата. Попладнево во меч од 35.коло, “граѓаните“ со 2:1 го победи Лидс и сега се на +4 пред Арсенал, и двете екипи имаат по 34 одиграни мечеви.

Чудо, Халанд играше, но не даде гол, затоа тука беше Гундоган кој со два гола донесе победа, но промаши и пенал, па така нема хет-трик за капитенот на Сити.

Во 27.минута веќе беше 2:0 за Сити, а Лидс намали во 85.минута преку Родриго, откако една минута порано Гундоган не реализираше пенал.

Конечно Челзи победи. И тоа на гости, и тоа кај Борнмут со 1:3. Галагер, Бадиашил и Феликс стрелаа за Челзи, додека Вина погоди за домашниот состав.

Вулверхемптон со голот на Тоти ја победи Астон Вила, а Тотенхем славеше исто така со 1:0 и тоа против Кристал Палас со голот на Кејн.

ПретходноИма ли надеж за Херта, во Берлин падна Штутгарт!
СледноЗатоа се “кралски клуб“: Перез го “потврди“ трансферот на Белингем! (ВИДЕО)