По цели 33 години Наполи е на тронот во Серија А. Неапол одново е шампионски град, одново фановите се радуваат на “скудетото“. Дел од тимот на Наполи е и нашиот Елјиф Елмас, нашиот Дијамант кој во одредени моменти беше клучен дел од тимот, и тоа со своите голови и асистенции.
Италијанскиот “Тутомеркато“ дава анализа за тоа како ја одиграл сезоната и што го чека:
“Елмас беше џокерот на тренерот Спалети, играч без кој не се може. Играше на повеќе позиции, како играч за врска, како офанзивен играч за врска,класично крило, па дури и класичен напаѓач. И секогаш успеваше да ги надмине очекувањата. Асистенцијата за голот на Распадори против Јувентус најубаво ја отсликувата разноврсност. И јасно е дека заслужува да игра, не може да биде и натаму само алтернатива. Интересно, има најави дека Елмас сега пола Европа и најголемите клубови во Италија ќе сакаат да го земат.Од друга страна Македонецот не крие дека сака да остане и натаму во Наполи“ се вели во дел од анализата.