ТФТ со триумф над Еуро Никел и со пласман во 1/2 финалето, ФМП Академија ја победи Струмица!

107

Тимот на ТФТ е полуфиналист во плеј – офот во битката за титулата. Тимот од скопско Тафталиџе попладнево со 73:59, успеа да го победи Еуро Никел и со тоа ја добие оваа серија со 2:1, па така и со пласман во полуфиналето.

Кавадарчани одлично го почнаа мечот, првата четвртина ја добија со 14:8, сепак домашниот состав во продолжение од средбата заиграа многу подобро, се вратија во “игра“, го преземаа водството и на крајот славеа заслужена победа.

Кај тимот на ТФТ Костоски со 26 поени беше најрасположен за “стрелба“, додека кај гостите Планиниќ постигна дури 31 поени.

Во истиот термин се одигра и мечот од плеј – аутот во нашата кошаркарска лига меѓу Струмица и ФМП Академија. Гостите победија убедливо со 102:92. Очекуван резултат, очекувана победа на гостите за кои најдобар поентер беше Меквин со 26 поени, додека кај домашните Обиквелу постигна 29 поени.

ПретходноЗатоа се “кралски клуб“: Перез го “потврди“ трансферот на Белингем! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Воска и официјално прволигаш, Гостивар ита кон елитата, Тетекс го победи Вардар…