Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Крстовски беше херој за својата Слога Добој во триумфот на гостувањето кај Тузла Сити од 1:2. Крстовски го постигна првиот гол, а асистираше за вториот. По мечот изјави дека овој триумф веројатно ми донесе опстанок во Првата лига на БиХ.
„Мислам дека го обезбедивме опстанокот, но ќе играме до крај за што повеќе бодови. Мило ми е што дадов голем допринос за тимот да дојде до овие драгоцени бодови“, изјави Крстовски.
Вкупно, сезонава Крстовски има осум гола и пет асистенции.