Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година.
Феноменалниот Лука ги договори сите услови со клубот во кој е 11 години откако пристигна од Тотенхем во 2012 година.
Модриќ за тоа време освои се што може да се освои со Реал и тоа многупати (22 трофеи), додека во 2018 година ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот.
Лука секогаш ги оставаше на страна економските услови, сакаше да ја заврши кариерата само во Реал Мадрид, што ќе му се оствари. Сепак, клубот ги задржа сегашните услови за него, кои се околу 20.000.000 евра годишно. Покрај тоа, му беше ветена голема улога на теренот и ќе настапи во зависност од формата.
Хрватот веќе неколку месеци на маса имаше понуда од Саудиска Арабија која изнесува 40.000.000 евра по сезона, но не сакаше ниту да размислува, а таа пристигна само колку да го притисне Реал да реагира.