Дали сонот на битолчани ќе се исполни или Вардар повторно ќе го расипе?

299

По пауза од една недела поради ЕХФ недела се враќаат ракометните возбудувања на терените, дојде денот за решавање на сите дилеми околу шампионската титулата во ракометниот шампионат.

Вечерва (19 часот) во салата „Боро Чурлевски“ силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар 1961 во дербито на 12. коло во плеј-офот.

Битола повторно е нозе, ако по првиот пораз од седум гола се чинеше дека оваа битка е загубена, Алкалоид го врати Пелистер во игра за тронот, сон, кој фановите на „зелените“ чекаат да се исполни 18 години. Пелистер последен пат титулата ја освои во 2005 година, лани беше блиску до двете круни, испушти голема шанса.

Салата ќе биде исполента до последното место, но на трибините ќе ги нема најверните, „Чекмбари“ остануваат на зборот, нема да го бодрат тимот во сала, откако управата на клубот се огради од случувањата на првата средба против Вардар во Скопје.

Победа за битолскиот клуб ќе значи и виза во Лигата на шампионите и отварање на слатки маки, сала во која би ги играле овие мечеви.

Што се однесува до Вардар 1961, лани го мина пеколот во Битола, покажа дека не е важно местото, туку искуството за добивање на мечеви – рашавачки за титулата. „Црвено-црните“ одат по 16 трофеј во својата историја, и натаму се најтрофејниот клуб во историјата, зад нив далеку е токму Пелистер кој има шест титули исто колку и Металург.

Правдата на оваа средба ќе ја делат најдобрите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Пред оваа средба во рамките на 12. коло, Бутел Скопје ќе го пречека Алкалоид.

ПретходноВМФЛ: Вардар игра со Тетекс а се “крсти“ во Детонит, Воска става печат на пласманот во елитата…
СледноВикенд за решавање на полуфиналните дилеми!