„Дијамантот“ за титулата добива 800.000 евра премија

5379

Елиф Елмас со неговиот тим Наполи сезонава се шампиони на Серија А. По цели 33 години и генерацијата на Диего Армандо Марадона, овој тим на Наполи конечно го донесе скудетото во градот на фудбалот каде клубот е на рамниште со божевство.

Токму поради тоа, нашиот репрезентативец и неговите соиграчи ќе поделат богата премија која што несомнено ја заслужија.

Како што дознава Спортмедиа, 800.000 евра ќе биде наградата за Елиф и за секој играч поединечно за испишувањето на една од златните страници во историјата на клубот.

 

ПретходноУжасна вест за Милан: Рафаел Леао се повреди пред градското дерби во 1/2 финалето во ЛШ!
СледноЕден е Пандев: Гранде доби дрес од Џенова, а и донесе и среќа, тимот се врати во Серија А! (ФОТО)