Кадетите на Струмица Никоб се нови шампиони на Македонија

69

Кадетскиот состав на сениорскиот шампион во машка конкуренција, Струмица Никоб, се закити и со шампионскиот трофеј во својата возрасна категорија. На финалниот турнир одржан во салата „Парк“ во Струмица, кадетите на Струмица Никоб во финалето доминантно со 3:0 славеа над екипата на Работнички 71&22 и на крајот се закитија со шампионскиот пехар.

Во битката за третото место победата им припадна на кадетите на Весна Пробиштип, кои во интересен натпревар кој траеше пет сета славеа со 3:2.

ПретходноЈувентус ги „краде“ творците на шампионскиот Наполи!
СледноКОПА ДЕЛ РЕЈ: Реал (М) по една деценија го „лови“ Купот, Осасуна вторпат во големото финале