Тимот на Ливерпул фати залет во финишот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените“ на „Енфилд“ го совладаа Брентфорд со 1:0 што беше нивна шеста победа по ред во Премиер лигата и со тоа ја продолжуваат борбата за мессто меѓу четирите најдобри и излез во ЛШ.
Сепак, момците на Јирген Клоп имаат два меча повеќе од конкурентите па ќе навиваат Њукасл и Манчестер Јунајтед кои се на третото односно четвртото место да губат бодови во завршниот дел.
Инаку стрелец на единствениот гол беше Мохамед Салах во 13. минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК). Брентфорд постигна гол пред крајот на првото полувреме меѓутоа беше поништен поради офсајд.
Севкупно гледано Ливерпул беше подобар противник имаше 15 шутеви од кои пет во рамките на голот за разлика од гостите кои еднаш се заканија.
Ливерпул има уште три натпревари до крајот, идното коло ќе игра со Лестер (гости) потоа со Астон Вила (дома) па со Саутемптон (гости).
Брентфорд е на сигурното деветто место.