Струга убедливо го победи Вардар Неготино, Скопје лесно до триумф против Куманово!

67

Попладнево се одиграа два меча од 12.коло во плеј – аутот во нашата ракометна елита.

На свој терен составот на Струга со 41:30 го совлада Вардар Неготино и со тоа обезбеди опстанок во Суперлигата. Маркоски со 9 голови беше одличен во победничкиот тим, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Петров, кој постигна 6 голови.

Претходно Скопје со 30:23 лесно дојде до бодовите против Куманово. Гостите само на момент се заканија кога резултатот беше 10:7,но сепак Скопје знаеше како треба и на крај дојде до убедлива победа. Победа која значи и избегнување на зоната за директно испаѓање.

ПретходноАлкалоид пак го суреди Бутел Скопје!
СледноЌе биде жешко во Битола: Пелистер полета – па падна, Вардар казни!