Тимот на ТФТ е полуфиналист во плеј – офот во битката за титулата. Тимот од скопско Тафталиџе попладнево со 73:59, успеа да го победи Еуро Никел и со тоа ја добие оваа серија со 2:1, па така и со пласман во полуфиналето.
Кавадарчани одлично го почнаа мечот, првата четвртина ја добија со 14:8, сепак домашниот состав во продолжение од средбата заиграа многу подобро, се вратија во “игра“, го преземаа водството и на крајот славеа заслужена победа.
Кај тимот на ТФТ Костоски со 26 поени беше најрасположен за “стрелба“, додека кај гостите Планиниќ постигна дури 31 поени.
Во истиот термин се одигра и мечот од плеј – аутот во нашата кошаркарска лига меѓу Струмица и ФМП Академија. Гостите победија убедливо со 102:92. Очекуван резултат, очекувана победа на гостите за кои најдобар поентер беше Меквин со 26 поени, додека кај домашните Обиквелу постигна 29 поени.