Од лошо полошо, тоа се деновите во последно време во таборот на ПСЖ, прескапиот тим од Париз. Имено по се она што се случува со Мбапе и неговото перманентно барање да си оди или да добие поквалитетни соиграчи, се надоврза онаа несреќна епизода со Лео Меси и неговото заминување во С. Арабија. Се разбира дека секога проблем е и Нејмар, но од вчера медиумите во Франција известуваат дека уште еден, и тоа главен играч, сака да си оди иако има договор до 2026 година.
Тоа е Марко Верати, “моторот“ на тимот во средниот ред, еден од ретките играчи за врска во ПСЖ кој заслужува да го носи дресот на клубот од Париз.
Италијанецот и официјално побарал во јуни да си замине.