Полувреме: Бесарт за водство на Струга ТЛ, “бомба“ на Чинари на Чаир, Сандеј врати, голеади на ФФМ и Маџари! (ВИДЕО)

311

Завршија првите полувремиња од сите пет средби од 31.коло во ПМФЛ.

Струга ТЛ има водство од 1:0 со голот на Ибраими во 42.минута откако претходно домашните промашија барем пет зицери. Сепак на пауза заминаа со водство. Резултат кој им гарантира титула, ако се знае дека на Чаир е 1:1 меѓу Шкупи и Шкендија.

А таму на мега – дербито, Шкендија поведе со “бомбата“ на Чинари, но затоа Адетунџи врати за 1:1. Меч кој е проследен од голем број фанови. Исто така и во Струга полна е трибината.

Брегалница во Маџари имаше 0:2 со головите на Додев и Андонов, но Работнички врати со три гола, Рушевиќ, Мисердовски и Гандо за 3:2.

Македонија ЃП на ФФМ има водство против Победа од 4:0, Воша на двапати, Мишевски стрелаа за ова водство.

Во Струмица изненадување, Тиквеш со голот на Дончев води на гости кај А. Пандев со 0:1.

 

ПретходноРајковиќ и ЦСКА израмнија во битката за 3. место во ВТБ-лигата!
СледноРуни со прогноза: Сити нема да го победи Реал, туку ќе му направи нешто полошо!