Анчелоти: Ова е заслужена награда за нашата работа

91

Синоќа тимот на Реал Мадрид го освои трофејот во Купот на Шпанија. Во финалето беше совладан тимот на Осасуна со 2:1, а по натпреварот секако полн со себе и пресреќен беше тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.

“Осасуна играше добро и тоа беше тежок натпревар до самиот крај. И покрај се, мислам дека заслуживме да победиме. Во сите финалиња има моменти кога се мачите. Овој куп доаѓа во важен момент по надминувањето на тешките претходни фази на самото натпреварување. Тоа е заслужена награда за целата наша напорна работа. Но, сега е време да размислуваме на Лигата на Шампионите“ – рече Анчелоти па додаде. 

“Родриго и Винисиус ја направија разликата во играта. Првиот ја дисбалансираше противничката одбрана, а вториот ги постигна двата гола. Тие беа клучот за нашиот успех. Денеска малку ќе славиме… потоа треба да размислуваме за вторник”. додаде Италијанецот.

ПретходноЈуве ја “среди“ Аталанта и сега е втор на табелата во Серија А! (ВИДЕО)
СледноСкандал: Фановите на Аталанта со расистички повици кон Влаховиќ, Србинот им врати со прекрасен гол! (ВИДЕО)