Бесарт Ибраими: Пресреќен сум, ова е моја петта титула, Струга ТЛ заслужено е шампион!

877

Сакаш титула во мак – фудбалот? Е, па, донеси го Бесарт Ибраими, “кралот на головите“ во твојот тим и ете, ќе ја имаш титулата.

Бесарт и денеска против Силекс постигна гол,вкупно 18 сезонава и нема сомневање дека ќе биде повторно прв голгетер во една сезона во ПМФЛ.

По мечот, Ибраими за “Спортмедиа“ не ја криеше својата радост.

Нема што, пресреќен сум. Ова е моја петта титула во ПМФЛ, една со Ренова, три со Шкендија и еве сега со Струга ТЛ. Мислам дека заслужено сме шампиони, бевме најдобри во текот на целата сезона, од првото коло беве лидери на табелата, а еве како први ќе завршиме. Благодарност до нашите фанови кои денеска дојдоа во голем број да ја прослават со нас титулата. Благодарност до моите соиграчи, секако раководството на клубот и сите што беа со нас оваа сезона, што беа дел од тимот. Сега е време за славје“ посочи Ибраими кој во првата сезона како член на Струга ТЛ е дел од историјата на клубот.

ПретходноБорусија Дортмунд со шест парчиња во мрежата на Волфсбург
СледноРаботнички го преживеа „Младост“ и си закажа полуфинална пресметка со МЗТ Скопје!