Струга е шампионски град, Струга ТЛ е нов шампион на Македонија. Во моментов покрај езерото се слави историскиот успех на стружани.
Едноставно најдобри, Ибраими, Шабани и другарите, денеска го “торпедираа“ Силекс со 3:0 и со стил дојдоа до круната.
Струга ТЛ е вкупно деветтиот клуб во Македонија во нејзината самостојност кој го освоил пехарот во ПМФЛ.
Големо славје, заслужено, овие момци се најдобри.