Еден од најкултните фудбалски стадиони на светот, домот на Бпка Јуниорс, „Ла Бонбоњера“ заминува во историјата. Клубот ќе гради нов стадион, на само километар оддалечен од стариот и штом истиот биде готов, „Ла Бонбоњера“ ќе замине во историјата.
Оваа одлука на клубот доаѓа по се поголемите поплаки дека стариот стадион е едноставно премал за сите кои сакаат да ја гледаат Бока во живо. Неговиот капацитет е 54.000 навивачи, а Бока има регистрирано 315.000 поддржувачи.
Па така, новиот објект се планира да има 112.000 гледачи капацитет што одговара на барањата очигледно.