Лејкерс ги посрамотија Вориорс, Дејвис блескаше, Леброн со бизарен рекорд

1840

Лос Анџелес Лејкерс го совладаа актуелниот првак Голден Стејт со 127:97 и поведоа со 2:1 во серијата на плеј-офот од четвртфиналето во НБА лигата. Ентони Дејвис постигна 25 поени и имаше 13 скокови, а на спротивната страна Леброн Џејмс и покрај лошиот старт мечот го заврши со 21 поени, осум асистенции и осум скокови.

Леброн во првата четвртина не ни шутна на кошот што му се случува за првпат во своите рекордни 275 настапи во плеј-офот. „Вориорс“ имаа одличен старт и поведоа со 30:23 меѓутоа натаму Лејкерси се „разбудија“ и убедливо го совладаа противникот.

Стеф Кари постигна 23 поени, а Вигинс 16 за Вориорс кои имаа 19 изгубени топки. Тимот постигна 13 тројки од 44 обиди, а 10 додека беа конкурентни и потоа се тргна обратно.

Четвртиот меч се игра во понеделник навечер во Лос Анџелес.

„Имаа 26 асистенции и 19 изгубени топки. Тоа е лошо. Тие 19 изгубени топки се претворија во 27 поени. Тие шутираа 20 слободни фрлања повеќе од нас. Ако ги соберете сите тие бројки тогаш со право овој меч беше на Лејкерс“, изјави Стеф Кари.

А Мајами ги совладаа Њујорк Никс со 105:86 и поведе со 2:1 во четвртфиналната серија.

 

ПретходноРеал Мадрид по 20-ти пат го освои Купот на кралот (видео)
СледноОлимпија го освои Купот во драматично финале и заокружи двојна круна во Словенија