Рома доживеа пораз од Интер на „Олимпико“ и со тоа драстично си ги намали шансите за излез во Лигата на шампионите идната сезона. Тренерот Жозе Мурињо беше лут после мечот, тој откри што им кажал на играчите и потоа ги прокоментира и судиските одлуки.
„Им реков дека сум горд на нив. Играчите беа уморни, играа со една нога и скршени ребра и инјекции против болки. Публиката беше неверојатна. Поразот секогаш тешко ми паѓа, но горд си одам дома. Во недела играчите имаат слободен ден, јас ќе работам со младинскиот тим од понеделник се враќам со работа во првиот“, изјави Мурињо.
„Ме радува тоа што ме нападна човек кој доби забрана за играње од три години поради обложување на фудбал. Довидување!“, коментираше Мурињо.
Се смета дека Мурињо овие зборови ги упати кон Ренцо Уливиери, претседателот на Здружението на италијански тренери кои го бранеше судијата Даниеле Чифи кој го судеше мечот Рома-Монца (1:1). Мурињо после мечот со Монца кажа дека „тоа е најлошиот судија кој некогаш го видел“, што наиде на многу реакции од челните луѓе на италијанскиот фудбал.