Наполи ја слави титулата, градот тотално блокиран, Елиф и другарите едвај ќе стигнат до „Диего Армандо Марадона“ (ВИДЕО)

331

На само неколку часа од дуелот помеѓу сега веќе актуелниот шампион на Серија А, тимот на Наполи и Фиорентина, во градот Неапол владее тотален хаос. Речиси целиот град е на улица, сообраќајот е блокиран и владее еуфорична атмосфера.

Навивачите ја славата титулата, а според она што италијанските медиуми го пренесуваат играчите на Наполи ќе имаат вистински проблем со својот автобус и покрај полициската придружба да стигнат до стадионот Диего Армандо Марадона.

Улиците се блокирани и нема толку полиција и обезбедување во овој град што може сето тоа да го обезбеди и приспособи за нормално функционирање.

ПретходноИсториско злато за Македонија … бодибилдерот Ивица Јанев стана европски бодибилдинг шампион
СледноЈуве ја “среди“ Аталанта и сега е втор на табелата во Серија А! (ВИДЕО)