Екипата на Охрид ја оправда фаворитската улога против Пролет, на домашен терен го совлада со 28-19 во рамките на последниот меч од 12 коло во плеј-офот.
Гостите беа рамноправен противник во воведните минути од мечот, кога охриѓани со три гола во ноза дојдоа на 10-7, а нешто подоцна со серија од 5-0 зголемија на 16-8 на стартот на второто полувреме.
Оваа позитива беше доволна за да домашниот состав сигурно чекори кон победа број пет и да остане на минус два бода зад Тиквеш, кој го држи четвртото место на табелата во плеј-офот.
Шешиќ постигна шест гола кај победникот каде по пет погодоци имаа Андоноски и Бојаниќ, кај поразениот состав, пет гола имаше Андоновски.
Во последната средба од плеј-аут, Прилеп и Јуниор К.В ги поделија бодовите, мечот заврши 24-24, а изедначно беше и во првото полувреме кое заврш 11-11.