Готово е. Струга ТЛ со победата над Силекс од 3:0, а по победата на Шкупи на Чаир над Шкендија со 2:1 и официјално е нов првак на Македонија.
Клубот кој е основан во 2015 денеска испиша историја.
Секако на две кола до крајот да се слави титула, помогна и Шкупи кој на Чаир со 2:1 ја победи Шкендија. Тетовци имаа водство со “бомбата“ на Чинари, но досегашниот првак јаго сврте резултатот во своја корист. Во финипшот Чинари од пенал не даде гол, Наумовски одбрани.
Тиквеш ја декласира А. Пандев со 1:4 на гости.
Што да се каже за мечевите на Маџари и ФФМ.
Работнички – Брегалница 5:4 и Македонија ЃП – Победа 7:0, значи само на овие два меча “паднале“ 16 голови, неверојатно.
РЕЗУЛТАТИ – 31.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 1:4
(Велиновски 55./Дончев 45., Спахиу 51., Мишов 72., 86.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 7:0
(Воша 4., 26., 64., Мишевски 34., 40., Алексовски 73., Басит 90.)
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 5:4
(Рушевиќ 30.,68., Мисердовски 34., Гандо 39., …/Додев 10, Андонов 14., Ѓорѓиев 63., Николов 75.)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2:1
(Адетунџи 28., Илиески 77./Чинари 17.)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 3:0
(Ибраими 42., Шабани (п) 51., Шабани 77./)
СКОПЈЕ (СЛОБОДЕН)