По поразот од Тиквеш: Васоски повеќе не е тренер на Академија Пандев

569

По денешниот пораз од екипата на Тиквеш на домашен терен со 4:1, Александар Васоски повеќе не е тренер на Академија Пандев. Како што и самиот потврди на социјалните мрежи, веднаш по мечот понудил оставка, која клубот ја прифати.

„По денешниот пораз и во разговор со управата , поднесов неотповиклива оставка која беше прифатена. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски.

Популарниот „тетовче“ заминува од струмичкиот состав кој по денешното коло е на 4 бода од „црвената зона“ на табелата.

ПретходноОхрид лесно со Пролет!
СледноСтруга ТЛ слави: Шампионско селфи (ФОТО)