Откако Емил Рајковиќ со својата ЦСКА Москва не успеа да ја круниса рекордната сезона во пехар, остана да се бори за утешителното трето место во ВТБ-лигата.
Тука тимот предводен од македонскиот стратег успеа да израмни на 1-1 против Зенит. Кошаркарите на ЦСКА Москва на домашен терен славеа со убедливи 85-61, меч кој го решија во второто полувеме.
Следниот меч се игра на теренот на Зенит, а третото место ќе му припадне на тимот кој прв ќе дојде до три победи.