Реал Мадрид и Манчестер Сити во вторник ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите или финалето пред финалето, бидејќи сите сметаат дека таа двојка е неспоредливо потешка од онаа на Милан и Интер. Вејн Руни даде прогноза.
Легендарниот Англичанец во кариерата одигра 85 натпревари за Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, на кои постигна 30 и намести 21 гол, а од 2008 до 2011 година еднаш ја освои најсилната конкуренција и два пати играше во финалето. Затоа се чини дека е најдобриот соговорник на оваа тема.
„Сити нема да го победи Реал, ќе го уништи. Вистина е дека Реал е клуб со историја и искуството и никогаш не треба да се отпишува, но јас не би ставал пари на нив. Ова е година на Сити. Едноставно не гледам начин или играч кој може да го спречи Халанд за Реал.
Секоја чест за Антонио Рудигер, тој е одличен дефанзивец, особено силен во ситуации еден на еден, но и покрај тоа, тој не може да се справи со Халанд“, вели легендата на Јунајтед и се поклонува на оваа генерација:
„Ако Сити ја освои Лигата на шампионите, тој тим ќе биде на исто ниво како Јунајтед во 1999 година, кој ја освои тројната круна таа година“.