Кристијано Роналдо е мега – ѕвезда во светски рамки, и не само фудбалска, спортска. Тој е еден од најпознатите “фаци“ во светот. Ретко кој може да дојде до него, да направи муабет, да испие кафе.
Но, сепак не очајувајте, и тоа се може. Само прво треба да се пријавиш во неговата маркетинг агенција.
Значи секој може да го “изнајми“ Кристијано на 4,5 часови, но треба и да се плати.
Па така “Дер Шпигел“ открива колку тие платиле за дружба со Роналдо.
Имено тие биле со него 4,5 часови, во тоа време покрај вообичаениот ручек и прошетка, ќе добиеш неколку фотографии со него, се разбира ексклузивни, потоа неколку потпишани дресови, и сето тоа Роналдо ќе го стави на своите социјални мрежи.
Цената…, ситница. Само 2 милиони евра платиле Германците, а сега таа е многу поголема.