Синоќа се одигра финалето од купот на Словенија во кое се сретнаа двата најголеми клубови од оваа земја, Марибор и Олимпија.
Драматичен меч кој имаше доигрување во продолженијата и во кои навиваите видоа од се по нешто.
Најпрво Марибор имаше златна шанса во 101 минута преку Марко Толиќ инаку позајмен фудбале на Динамо Загреб да дојде во водство преку пенал. Толиќ сакаше да „изиграва фраер„ па се обиде со „паненка“ обид кој беше осуетен од противничкиот голман.
Следуваше водството на Олимпија преку Латстикас, за Митровиќ во 113 минута да му донесе 1:1 на Марибор.
По неколкуминутно гледаше на ВАР, во 131 минута од мечот, Макс Елшник и носи триумф и тројеф на Олимпија токму со удар од белата точка.
https://sportklub.n1info.hr/nogomet/slovenija-nogomet/video-toliceva-neuspjela-panenka-u-101-minuti/